Дали ни се намалува желудникот ако јадеме помалку?

Намалувањето на обемот на половината со промена на исхраната или доколку јадеме помалку со соодветна вежба, дефинитивно е возможнo.

Меѓутоа, се поставува прашањето дали може да се намали и капацитетот на желудникот на овој начин.

krofna

Теоретски се верува дека доколку јадеме помалку и нашиот желудник се намалува, тогаш сме помалку гладни. Прекинуваме со процесот на дебелеење и живееме лесен живот.

Звучи идеално додека не дознаете колку малку некој би требало да јаде, за да постигне такво дејство. Истражувањата покажуваат дека доколку некој сака да го намали желудникот за 75 проценти, мора да јаде само 600 калории дневно.

„Плус, дури и да успеете да го намалите обемот на желудникот, тоа не значи дека ќе го намалите и чувството на глад. Напротив, колку е желудникот помал, толку е глатта поголема“, вели калифорнискиот гастроентеролог Џејмс Џ. Ли.

Слабеењето до изгладнување е најлошото што можете да му го направите на своето тело. Не само што не е здраво, туку не е ни ефикасно. Дури половина од луѓето кои изгладнуваат и настојуваат да ослабнат, се враќаат потоа на старите килограми или дополнително се здебелуваат.

- Реклама -