Ова ќе биде уникатна шанса за фотографии за астрономите аматери. Земјата следната недела ќе биде најблиску до Месечината по 1992 година. На 19 март Месечината ќе се приближи на само 356.577,522 километри од нашата планета.
Но научниците аматери од интернетот предупредуваат дека ваквата „супермесечина“ ќе ја наруши климата на Земјата и дури може да предизвика земјотреси и вулканска активност. Претходно ваков настан се случил во 1955, 1974, 1992 и 2005 – години во кои имало екстремни метеоролошки појави. Цунамито кое ја погоди Индонезија се случи две недели пред „супермесечината“ во јануари 2005 година. На 25 декември 1974 година циклонот Трејси го уништил градот Дарвин во Австралија.
Но Пит Вилер од Меѓународниот Центар за Радио Астрономија вели дека сите предупредувања за претстојната апокалипса треба да бидат пречекани со скептицизам. „Нема да има земјотреси и вулкански ерупции, освен оние кои ќе се случеа без разлика колку далеку ќе беше Месечината. Во тој период Земјата ќе искуси пониска осека од стандардната и повисока плима од стандардната, но тоа не е мнгоу возбудливо.“
Австралискиот астроном Дејвид Ренек се согласува и посочува дека оние кои стојат зад теориите за заговор секогаш ќе најдат врска помеѓу природна катастрофа и одредено време и ќе ја обвинат „супермесечината“ за тоа. Тој изјавил: „Ако доволно се потрудите можете да најдете хронолошка поврзаност помеѓу речиси секоја природна катастрофа или настан и нешто на небото – комета, планета, сонце. Сетете се дека во минатото подредувањето на планетите требало да го распарчи Сонцето. Тоа не се случи. Астолозите често претеруваат и промашуваат. Нормални високи плими се сè што јас очекувам од ,супермесечината’.“
Што и да се случи, ние постојано учиме нови работи за Месечината. Во јануари беше откриено дека сигнали од сеизмичките детектори кои астронаутите од Аполо ги оставиле на површината на Месечината во 1971 година посочуваат дека Месечината има течно јадро слично на она на Земјата. Истражувањето на научниците од NASA посочува кон заклучок дека Месечината има цврсто јадро од железо со радиус од околу 241 километар и течно јадро кое примарно се состои од течно железо со радиус од околу 330 километри.
Разликата од Земјиното јадро е во присуството на слој од делумно стопено железо кој има радиус од речиси 482 километри. Податоците даваат нови информации за еволуцијата на лунарно динамо – природен процес преку кој нашата месечина развила и одржала сопствено силно магнетно поле. [Will Earth’s climate patterns be disrupted as the moon passes at its closest point in 19 years next week?]