Дали крстосницата на два ката ќе го оправи Бит Пазар?

Најголемиот хаос за шоферите се случува на Бит Пазар. Пешачките премини, пешачкиот мост и апелите до пешачите да внимаваат и да не претрчуваат на необележани места, засега не помагаат.

kaj-bit-pazar-kje-ima-krstosnica-na-dva-kata-209285
Фото – Вечер

Останува да видиме дали новото решение ќе ја зголеми соообраќајната култура.

Се работи за проект улица на два ката. Станува збор за раскрсница на две нивоа што се предвидува да биде изградена кај Бит-пазар, односно меѓу Судска палата и ТЦ-Мавровка.

За оваа улица на два ката, која воедно е и прва од ваков тип во Македонија, за годинава е предвидено да биде изработена проектната документација што ќе чини 3 милиони денари.

Град Скопје планира да потроши нешто повеќе од една милијарда денари или 16,6 милиони евра во инфраструктурни проекти со кои што се очекува дополнително да се подобрат условите и се од суштинска важност за жителите во главниот град.

За изградба и реконструкција на улици, патишта, мостови, водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација градската власт планира да обезбеди 850 милиони денари. Од нив, 750 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходи од уредување на градежно земјиште, а останатите 100 милиони од приходи од легализација на дивоградби.

Најголем дел од парите, и тоа повеќе од 818 милиони денари , ќе се потрошат во изградба и реконструкција на улици и патишта.

- Реклама -