Пејачката Наташа Малинкова секојдневно објавува фотографии од кои што може да се види дека е во топ форма.
Таа има 12 годишна ќерка, но тоа не ја спречува редовно да се грижи за своето тело.
„Пред некоја година откако влегов во 30-тата, почнав повеќе да размислувам за тоа дека треба да водам малку поинтензивна нега за себе и својот изглед. Дотогаш некако немав почувствувано дека имам потреба, па бев поопуштена, но во последно време сум активна во салоните за убавина. Внимавам секогаш што јадам, голем љубител сум на овошјето и на зеленчукот, јадам претежно домашно зготвена храна која често ја подготвувам за мене и моето семејство, па гледаме да се храниме здраво”, раскажува пејачката за „Вечер“.
Како ви се допаѓа?