Дали е ова најсреќниот крадец во светот?

Мајкл Витингтон, кој е уапсен поради грабеж на банка, е еден од оние луѓе на кои едноставно не можете да им го расипете расположението.

Витингтон (45), ограбил банка во Денвер и се трудел да помегне од местото на злосторот со воз. Но, само неколку минути подоцна возот бил застанат од страна на полицијата, а крадецот уапсен.

Осомничениот е обвинет дека од банката украл 5000 долари.

Но, она што е необично кај овој крадец, е тоа што после сослушувањето тој изгледал и повеќе од среќно, што може да се забележи и на оваа полициска фотографија која ја овековечил со насмевка.

518339_michaelwh

- Реклама -