Дали е нормално судот да прогласи некого за виновен пред да заврши целата судска постапка?

Дали е нормално судот да прогласи некого за виновен пред да заврши целата судска постапка? Со ова реторичко прашање адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска го почна нашиот кус разговор за вчера изгласаниот Закон за амнестија што се однесува на случувањата од 27 април 2017 во Собранието.

Не застапува никого од обвинетите, меѓутоа таа е буден критичар на случувањата во правосудството, а позната е и како поранешен надворешен соработник на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Уште при објавувањето на обвинението, Јошевска Анастасовска сметаше дека не треба сите триесет и тројца да се товарат за терористичко загрозување, ја критикуваше судијката Добрила Кацарска како го води процесот, а гласна е и околу донесувањето на Законот за амнестија.

авна тајна е дека амнестијата придонесе тројца опозициски пратеници да го поддржат Преспанскиот договор, и тоа меѓу редови и срамежливо стои во целите и начелата на законот каде што се спомнува ЕУ и НАТО интеграција.

Но, со законот е предвидено да нема амнестија за организаторите, напаѓачите и за тие што носеле оружје, како и за службениците што не го спречиле нападот. Сите обвинети и осудени ќе треба да поднесат барање за помилување, ама судот ќе каже кој ќе биде амнестиран, а кој не.

Го земавме за пример случајот со поранешниот прв човек на полициското Биро за јавна безбедност, Митко Чавков. Под претпоставка судот да не му го прифати на Чавков барањето за амнестија доколку го поднесе, на некој начин тој ќе донесе одлука дека е виновен, вели адвокатката.

Целата статија на ПРИЗМА.МК

- Реклама -