Дали е интернет зависноста проблем?

Истражувањата укажуваат на опасностите од нашиот технолошки животен стил и тие не се ништо ново.
Можноста за мозочни тумори од мобилните телефони и опасноста од насилството во игрите да се пренесе во реалниот свет често се појавуваат на насловните страници на весниците и веб сајтовите ширум светот.

Сепак, уште една популарна тема би додале дека е зависноста, особено интернет зависноста. Според неколку постари и понови студии интернет адикцијата е сериозен проблем, манифестирајќи се себеси во 5-10% од сите сурфери. Истражувачите го поделија овој термин (интернет зависност) на повеќе различни однесувања и тоа:

– Сајберсексуална зависност

– Зависност од сајбер врска

– Интернет обврзаност

– Пренатрупување со информации

– Интерактивно насилство при играње

Сајберсексуалната зависност и зависноста од сајбер врска, заедно со интерактивното насилство при играње се јасни термини и тука нема потреба од објаснување. Интернет обврзаноста се опишува како спектар на нездрави онлајн однесувања што вклучува менување акции, коцкање, шопинг, додека пренатрупувањето со информации ја претставува преголемата желбата за сурфање на мрежата.

Може да се каже дека мажите се повеќе подложни на сајберсексуалните зависности, како и интернет обрзаноста со информации. Жените пак, се почесто се борат со зависноста од сајбер врска.

Ако не сте сигурни во која од овие групи припаѓате, односно дали воопшто би можеле да се сврстите во нив, пробајте да го пополните овој ТЕСТ ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАВИСНОСТ(на англиски), кој доаѓа од Центарот за онлајн и интернет зависности.

- Реклама -