Дали Billie Jean е украдена песна?

billie-jean-jackson_l22.jpg Били Џин, како што сите знаеме не била љубовница на Мајкл Џексон. Таа
била само девојка која се грижела за своето дете, а секако и за
неговото сомнително татковство.


billie-jean-jackson_l2.jpgБили Џин, како што сите знаеме не била љубовница на Мајкл Џексон. Таа била само девојка која се грижела за своето дете, а секако и за неговото сомнително татковство.

Испадна дека сепак Billie Jean можеби не била песна на Џексон. Не целосно.

Во изданието на Rolling Stone списанието посветено на Мајкл Џексон, Daryl Hall опишува разговор со Џексон во студиото додека ја снимале песната We are the World:

"Бевме во студиото заедно и тој разговараше со Дијана Рос, но во еден момент дојде кај мене и рече – ‘Се надевам не се лутиш, но ја позајмив Billie Jean од тебе’.

Песната за која зборувале е Can’t Go for That (No Can Do) од албумот Private Eyes на Hall and Oates. Ова беше еден од нивните 11 хитови кој се појави во 1981, 2 години пред Billie Jean.

Can’t Go for That (No Can Do) беше инспирација и за многу рапери во тоа време, меѓу кои и познатите De La Soul со песната Say No Go. [Was Billie Jean lifted?]

Дали и колку имаат сличности овие две песни, одлучете сами.

Hall and Oates – I Can’t Go for That (No Can Do)
{youtube}bwarCieO1dc{/youtube}
Michael Jackson – Billie Jean
{youtube}C-blEgMyJwU{/youtube}

- Реклама -