Дали имаше калаш на скопските улици?

Вчера беше денот на албанското знаме. Празнувањето на овој ден, заедно со јубилејот 100 години независност на албанската држава се одбележа и по улиците на македонските градови. Помеѓу другото, на интернет се појави и фотографија од човек со автоматска пушка АК-47 или „калаш“…

Некои велат дека се работи за фото монтажа, други пак дека ова е автентична случка на човек со нелегално оружје на улиците во Скопје. Дебатата се разви на социјалните мрежи, а најмногу на Твитер, при што беа понудени и многу алтернативни фото монтажи. Што мислите вие, дали беше калаш?

- Реклама -