Како да не беа доволно сите оние предвидувања за уништувањето на Земјата поврзани со календарот на Маите и Нострадамус, сега руска новинска агенција објавува дека астероидот Апофис ќе се судри со Земјата во 2036 година.
Неколку предвидувања за овој 400 метри долг астероид е дека тој ќе помине екстремно блиску до планетата во 2029, 2036, 2056, 2068 итн. Професорот Леонид Соколов од Универзитетот во Санкт Петерсбург и астрономите од НАСА се согласни дека на 13 април 2029 година Апофис ќе мине крај Земјата на висина од 29.000 километри, (под орбитата на геостационарните сателити). Професор Соколов додал дека шансите за судир во 2036 се мали, но тој предвидува дека астероидот ќе се распадне и очекува неколку помали судари во наредните неколку години.“
Она што треба да се знае е дека астероидите се мали објекти во вселената, споредени со други небесни тела. Гравитациони сили, па дури и сончевата светлина имаат силен ефект врз нив. Постојат толку многу динамични несигурности кои влијаат врз траекториите на астероидите што Апофис (црвена орбита) ќе продолжи да биде мистерија и закана и по 2036 година. [Asteroid deflection should be next ‘Sputnik Moment’]