Елора Харди ја напуштила нејзината успеашна модна кариера со една единствена цел – да гради бамбусови куќи во Индонезија. Жителката на Бали и нејзиниот тим цели пет години создавале револуција при креирањето на бамбусови конструкции, сметајќи за истите дека се недоволно искористени.
Харди во своите градби употребува и бор, кој има позитивно влијание врз бамбусовото дрво и го штити од инсекти. Во нејзиниот говор одржан на познатата TED-конференција, таа истакнала дека целата идеја и потекнува од нејзиниот татко, кој користел бамбуси при изградбата на кампусот.
„Ова е одлична сигурност и за децата. Еден од ретките материјали кој никогаш нема да се потроши.“ Кога за прв пат видела како изгледаат конструкциите, Харди помислила дека целото тоа тврдење добило смисла.
Бамбусот има сила како бетон, цврстина и тежина како челик и е едно од најбрзо растечките растенија во светот.