Да ти е жал да каснеш: Скулптури од лубеници

Нема многу нешта на светов како уживањето во вкусна лубеница за време на топол летен ден. Но, Клајв Купер има малку поинаква дефиниција за уживањето.

Тој преферира да ги претвара лубениците во морничави гоблини, диносауруси, викинзи и мечки. Умешно ги користи светлите нијанси на кората и темните бои на срцето на лубеницата, давајќи им уште повеќе живот и реализам на неговите дела.

Вели дека правењето скулптури од лубеници е брзо, ефтино, лесно… и вкусно. Според него, лубениците се добар почеток за сите што сакаат да научат малку повеќе за резбањето, скулптурите и техниките слични на нив.

Clive-Cooper-Watermelon-carvings-1-600x435 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-2-600x667 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-4-600x774 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-5-600x450 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-6-600x450 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-7-600x757 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-8-600x450 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-9-600x450 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-10-600x799 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-11-600x590 Clive-Cooper-Watermelon-carvings-12-600x600

 

- Реклама -