Големи пари биле мотивација за да се манипулира со третманот на медицински отпад, рече Шилегов.
Надлежниот јавен обвинител денеска до Единицата за економски и компјутерски криминал издаде наредба од мобилниот телефон на главниот инспектор во Град Скопје да бидат издвоени видеоматеријалите што тој ги снимил, со цел тие да бидат обезбедени на законит начин, во рамки на предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на фирмата „Еко клуб“ од Битола.
На оваа наредба денеска реагираше градоначалникот Петре Шилегов кој упати силни критики кон институциите во врска со случајот со „Еко клуб“ и опасниот медицински отпад кој несоодветно се горел во „Дрисла“.
– Денеска од МВР беше повикан инспекторот да го даде телефонот на кој што се снимките. Снимките веќе не се наоѓаат во тој телефон. За мене како прв човек на градот во кој се случува ова, е целосно неприфатливо однесувањето на двете институции, Јавното обвинителство и Државниот инспекторат за заштита на животна средина. Бидејќи снимањето на инспекторот било забележано од чуварските служби, веројатно на 11ти се исчистило се, и баш на 12ти е направен вонреден надзор и издаден е документ дека се било во ред. Одговорен обвинител веднаш бара од истражен судија налог и врши запечатување на таа инсталација. Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот денеска ќе беше инспектор – рече Шилегов.
Продолжете на Слободен печат