Чинами Мори од Јапонија создава шарени модели, користејќи ткаенини, канап и конец. Таа ја практикува јапонската техника на ткаење, позната како Саори, овозможувајќи комбинација на различни материјали.
Повозбудливо сепак, е тоа што модел на нејзините шарени креации е нејзината 93-годишна баба Емико. Речиси секој ден постарата жена поминува долго време во студио, а за време на снимањето очигледно добро се забавува што е одразено во самите фотографии.