Да се живее како автобуска станица

„Не велам дека човек не може да живее и без љубов, напротив, може – и тоа е најтешкото.

stanica

Органите продолжуваат да ги вршат нормалните физиолошки потреби, а оваа состојба може да трае многу долго.

Можеме да побараме засолниште и заборав и во сексуалноста и да живееме како автобуска станица, па така да се вадиме на внимателност, таа е секогаш добар изговор.

Или пак дојдете утре со мене. Не ја правете глупоста да заминете некаде настрана поради вишок на животно искуство. Дојдете со мене, дајте му шанса на невозможното. Немате поим колку му е доста на невозможното и каква потреба има тоа од нас.“

Ромен Гери *

* Ромен Гери е француски писател од руско-еврејско потекло, литературен мистификатор, режисер и дипломат. Тој е единствениот двократен добитник на престижната книжевна награда “Гонкур”. За прв пат ја освои наградата во 1956 година под веќе одобрениот псевдоним Ромен Гери и втор пат како Емил Ажар во 1975 година.

- Реклама -