Да се намали присуството на партиските лидери во изборната кампања, апелира „Цивил“

Во првите два дена на изборната кампања, според невладината „Цивил“, присутни се долго присутните негативни појави како што се дезинформациите, манипулациите, митовите, теории на заговор и многу говор на омраза.

„Да се намали присуството на високо владини функционери, раководителите на државните институции, како и на партиските лидери, било да се од опозиција или од власт во изборната трка. Особено ако не се кандидати, тогаш ние не ја гледаме потребата тие постојано да бидат на терен бидејќи се работи за локални избори“, изјави Џабир Дерала од Цивил.

Воедно, од Цивил посочуваат дека од почетокот на изборната кампања се регистрирани неколку случаи на политичка злоупотреба на деца во изборна кампања и силно препорачуваат децата на никој начин да не бидат инволвирани во политичката кампања на политичките партии. Имајќи ги предвид правата на децата од Цивил потсетија на Законот за заштита на децата, каде во една од одредбите се вели дека се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување.

„Ова, според нашите правни експерти, подразбира општа забрана за употреба на децата во каква било форма на политичко дејствување, вклучувајќи и политичка изборна кампања. Затоа бидете внимателни, оставете ги децата на чување доколку саката да одите на митинг на кој ве повикале или кој го поддржувате. Но, децата на митинзи не и од страна на родителите. Колку и да им бидат замаглени лицата значи нешто не е во ред“, изјави Дерала.

МИА

- Реклама -