Да растеш како Player 2

Ако си пораснал/а со постар брат/сестра и олд скул конзола за видео игри, краткава анимација на Закари Антел ќе те погоди право во носталгијата. Некои ја викаат срце, ама што и да е, ќе те натера да им пишеш една порака.

4-минутново филмче ја опишува тесната врска помеѓу Player 1 и Player 2. Постариот брат секогаш му покажува на помалиот сé што научил во видео игрите, ама и во животот. А Player 2 секогаш го гледа Player 1 како лидер. Но животот тече и се менуваат работите. Player 1 оди во нови авантури и му го препушта главниот џојстик на Player 2, кој мисли дека постариот никогаш нема да сфати што му значело неговото лидерство. Player 1, пак, се плаши дека Player 2 никогаш нема да знае колку нему му значело тоа што имал за кого да биде Player 1.

Прочитајте и:  Се враќаат ли мобилните видео игри? Ќе го предизвика ли Sony Nintendo?

- Реклама -