Сте пливале ли некогаш со свињи? Ако не сте, тоа е сигурно така бидејќи не сте биле на Бахамите. Таму има едно егзотично место, каде што најголемата атракција на плажата и во океанот се дивите свињи кои што пливаат. Станува збор за остров на кој свинчињата живеат како во рај, се шетаат по плажа, а кога ќе им стане премногу топло, се заплискуваат во кристално бистрите води на океанот.
Токму овие диви свињи се најголемата атракција за туристите на Биг Мејџор Спот Ајленд и „плажата на свињите”. Грофтачите пливачи ги пречекуваат бродовите со туристи и се многу дружељубиви.
Иако се диви, тие се подготвени дури и да позираат за слика. За туристите пак е одлична атракција да пливаат во кристалните води во заливот во друштво на свињи.
одговараат игри на плитки, кои се одлично шоу за туристите.