Остануваат помалку од две недели до претставувањето на Galaxy S6 и Samsung веќе ја започна својата маркетинг кампања.
Сите со нетрпение очекуваме да ги видиме промените во хај-енд смартфонот и Samsung многу добро го знае тоа. Корејскиот технолошки гигант започна да го претставува Galaxy S6 со неколку последователни видеа, а сега имаме и две фотографии кои беа објавени синоќа.
Се разбира, тие не даваат многу детални информации, но од прикажаното, претпоставуваме дека Samsung ќе стави акцент на батеријата на новиот Galaxy S6, која на крајот може да се покаже помала од онаа кај Galaxy S5 .
На првата слика е напишано „Stop less. Discover more. “, А на втората „Get more done. Get more time.“Што звучи како референца кон животот на батеријата или технологија за брзо полнење.
Има многу голема веројатност корејската компанија да создала и безжично полнење, откако вчера во блог пост објави дека оваа технологија е иднината и Samsung со години работи на неа.
Со новиот процесор Exynos 7420, Galaxy S6 може да го предолжи истиот живот на батеријата, дури и повеќе отколку сегашниот S5, бидејќи тој е направен по 14nm технологија, со што се намалува потрошувачката на енергија за до 30-35%. Па на крајот може да немате дополнително време за користење.
Имате ли некакви претпоставки?