Со првата полуфинална вечер, на која ќе настапи и нашиот претставник Даниел Кајмакоски, денеска по 60-ти пат ќе биде отворен Натпреварот за најдобра песна во Европа.
Во првата поулфинална евровизиска вечер ќе настапат 16 држави, што ќе се борат за влез во големото финале.
Македонија, вечерва ќе се натпреварува со Молдавија, Ерменија, Белгија, Холандија, Финска, Грција, Естонија, Србија, Унгарија, Белорусија, Русија, Данска, Албанија, Грузија и Романија.
Втората полуфинална вечер ќе се случува на 21 мај (четврток), а победникот ќе го дознаеме на 23 мај (сабота).
Му посакуваме влез во финалето на Даниел Кајмакоски, кој ќе настапи под реден број осум.