Со цел оваа романтична приказна да допре до повеќето и да добие среќна завршница, ја пренесуваме оваа љубовна порака.
Имено, во пораката во која се зборува за љубов на прв поглед меѓу Партик и непозната Македонка која што тогаш била во Словенија.
Според писмото двајцата се сретнале на тројниот мост Tromostovje (слика горе) во Љубљана, разговарале, се смееле и танцувале, но за кратко таа морала да замине.
Патрик се вљубил во нејзините очи кои не може да ги заборави. Единствен податок што веројатно го знае за неа е дека најверојатно студира на Факултетот за социјални науки, а за жал не го знае нејзиното име.
Токму затоа, испечатената порака ја залепил таму, со надеж дека ќе ја прочита и ќе му се јави на некој од контактите кои ги има оставено.
Ако се препознае некоја Македонка нека пише на е-маил адресата која е оставена на листот.