Трајче Ѓорѓиев го освои Балканот со своите настапи на музичкото талент шоу.
Младото момче се пријавило на шоуто најмногу поради неговата мајка, која тогаш била во болница.
„Искрено тоа го направив за мојата мајка, бидејќи таа беше во болница. Ми рече да дадам се од себе, искрено за неа“ – рече Трајче во најавата за Специјал емисијата на „Ѕвездичките на Пинк“.
Вечерва ќе го видиме во големото финале, a дотогаш еве еден настап кој ќе го паметиме и по завршувањето на детскиот избор за таленти.