Андријана Јаневска е дефинитивно еден од најдобрите женски вокали во земјава и истакнат музички уметник.
Таа би можела да не направи сите горди на најголемиот европски музички онлајн-натпревар, а за се оствари тоа би можеле да го дадеме нашиот глас на www.euromusiccontest.com/andrijana-janevska, најдоцна до 10-ти следниот месец.
„На покана на организаторите се натпреварувам со песната “Животот е убав”. Доколку бидам меѓу првите десет, ќе учествувам на големиот концерт во Париз, кој ќе биде пренесуван во живо во над 88 земји низ цел свет. Плус, ќе имам можност три дена да снимам во “Блек рок студио”, кое во 2009 година било прогласено за најдобро музичко студио на светот. Некои од артистите кои снимале таму се: “Уан Рипаблик”, Стив Харис, Џо Бонамаса, Лорен Харис, Адам Андерс… Доколку сакате, гласајте за мене максимум еднаш дневно од еден компјутер. Гласањето е отворено до 10 мај. Однапред ви благодарам!”, напиша Андријана на Фејсбук.