Понекогаш е доволен само еден момент целосно да се смени текот на историјата, а во овој случај доволен бил и само еден заговор.
Листверс носи некои од заговорите кои ако успешно завршеле ќе ја променеле историјата.
Заговор според кој Наполеон Бонопарта требал да биде убиен пред да стане цар
Наполеон на 24 декември 1800 година можеше да стане жртва на бомба која експлодирала во близина на неговата кочија. Заговарачите, ројалистите и некои членови на племето поставиле бомба на патот по кој Наполеон одел на опера. Благодарејќи на спориот фитил и брзото возење на неговиот пијан возач на кочијата, Наполеон ја избегна бомбата пред да експлодира. Во кочијата позади и неговата жена Џозефина ја избегна експлозијата, во која се повредени и загинале 52 лица. Полицијата фатила некои од заговарачите кои потоа завршиле на гилотина. Другите зговорници избегале во Англија каде и понатаму продолжиле да коваат планови за убиство на Наполеон.
Заговор за Хитлер да биде убиен пред Втората светска војна
Адмиралот, Вилхем Канарис, шеф на германската воена разузнавачка служба Abwehr, планирал да го уапси Хитлер од моментот кога станал нацистички лидер и издаде наредба за окупација на Чехословачка. Еден од замениците на Хитлер, Ханс Остер, исто така сковал заговор со група на други воени и цивилни лидери за планирање и убиство на Хитлер. Во случај на војна имало стравување дека Германија ќе доживее целосен пораз. Се верува дека се работи за еден од најразработените заговори пред операцијата Валкури. Вклучувал и испраќање на војници во берлинското седиште на Третиот Рајх кои потоа би го уапсиле Хитлер. Некои од заговарачите сакале Хитлер да остане жив, да му се суди и после тоа да биде испратен во затвор или да го затворат во лудница. Остер верувал дека со одржувањето на Хитлер во живот не би се постигнало ништо и затоа бил смислен заговор, во рамките на заговорот, пренесува Индекс. После апсењето на Хитлер војниците требало да инсценираат престрелка, каде „залутан куршум“ би го погодил Хитлер. На заговорот на пат му застанал Минхенскиот договор, со кој на Хитлер му е дозволено да анектира делови од Чехословачка.
Заговор со кој би требало да биде убиен Мао Це Тунг
„Проектот 571“ е име на акцијата со која се планирало убиството на Мао Це Тунг. Заговорот против кинескиот комунистички лидер го водел Лин Лингуо, син на десната рака на Мао – Лин Биао. Лигуо стравувал дека неговиот татко ќе падне во немилост на Це Тунг испланирал пуч со поборниците на неговиот татко во март 1971 година. Тогаш, по игра на случајот, Мао го згрешил распоредот и неочекувано се вратил во главниот град. Биле откриени плановите на заговарачите кои се обиделе да побегнат во Советскиот Сојуз, но сите загинале во авионска несреќа во Монголија кога нивниот авиот мистериозно останал без гориво. Потоа, Мао организирал рунди на „чистење“ во своите воени редови, каде мачел и ги убивал неговите офицери.