CyanogenMod уште од летото работи на енкрипција на СМС пораките заедно со компанијата WhisperSystems по избивањето на големиот скандал со прислушкување и следење на мобилните телефони од страна на NSA.
Според последните информации CyanogenMod и WhisperSystems конечно успеале да обезбедат енкрипција на СМС пораките со што корисникот ќе добие заштита и нема да може да биде откриена нивната содржина.
Енкрипцијата на СМС пораки е достапна во една од најновите верзии на CyanogenMod 10.2, a наскоро ќе биде достапна и за верзијата CyanogenMod 11 која е базирана на оперативниот систем Android 4.4 KitKat.
Текстот е во соработка со socialnet.mk