Популарните цветни дезени кои беа актуелни ова лето, се пренесуваат и во есента.
Кога во 2010 година Кристофер Кеин ја претстави својата колекција за есен и зима, знаевме дека нема шега. Шарените цветови во комбинација со кожа не натераа малку да размислиме за тоа зошто во зима најчесто се одлучуваме за потемни бои, а светлите ги оставаме за потоплите денови.
Денес се цветовите во сите форми и облици повторно околу нас. Впрочем, имаат некој пригушен тон па потсетуваат на есен, но се во секој случај интересни. Затоа, изберете го вашиот омилен цветен принт кој ќе го носите под тексас палтото за претстојната сезона.