Брендон Стјуарт од Толедо, Охајо, закупил билборд, за на него да го постави CV-то од неговата сопруга, со надеж дека на тој начин таа ќе може да пронајде ново работно место.
Лани, Холи Стјуард била отпуштена од своето работно место во Универзитетот Охајо, поради намалување на буџетот. Оттогаш, иако била на бројни интервјуа за работа, не успеала да дојде до ново работно место. Гледајќи ја како се мачи, нејзиниот сопруг решил да направи радикален чекор и да го постави нејзиното CV на билборд.
Со наслов: „Ве молам вработете ја мојата сопруга“, билбордот наведува дел од образованието и искуството на Холи. Тоа го чинело Брендан околу 700 долари, но вели дека ако успее да ја оствари замислената цел, тоа воопшто нема да бидат залудно фрлени пари. [Billboard put up by husband showing support, helping wife’s job search]