Како да се чувствувате убаво во сопствената кожа

Се будите наутро, се погледнувате во огледало и прво што забележувате е стомачето. Се чувствувате дебело, и повеќе сакате да останете дома гледајќи телевизија, наместо да се соочите со сите останати луѓе и огледала.

Чувството дека сте предебели или преслаби е, всушност, илузија која настанува во последниот париетален кортекс – област во мозокот која интегрира сензорни информации од различни делови на телото. Еве неколку совети како брзо да исчезне ова непријатно чувство и да се чувствувате убаво во својата кожа.

Носете црвено

Не е важно дали се работи за кармин, лак за нокти или парче облека, во оваа боја има нешто што прави да се чувствувате похрабро и влева самодоверба. Ако носите богата интензивна боја како што е црвената, тоа покажува дека сте личност која е подготвена да презема ризици. И мажите сакаат дами во црвено и утврдено е дека оваа боја ја зголемува веројатноста дека тој ќе ве повика на состанок, а познато е како мало внимание може да ни ја зголеми самодовербата.

Ставете колан

Иако веројатно тоа е последната работа која би ја направиле кога се чувствувате дебело и без облини, коланот ќе ве потсети дека вашето тело, всушност, има пропорции. Носењето колан е едноставен и конкретен начин себеси физички да се дефинирате и да ги нагласите границите на вашето тело.

Модни додатоци

Убави и впечатливи детали, почнувајќи од чевли со високи потпетици па до омилените обетки или елегантни чанти, ќе ви помогнат да го оттргнете вниманието од проблематичните зони и да ги истакнете оние делови од телото што ви се допаѓаат. Во овој случај може да помогне дури и добар сјај за усни кој ја рефлектира светлината и прави устата да ви изгледа пополна.

Одберете облека што ја следи линијата на телото

Вреќастата облека прави да изгледате подебело, па така себеси нема да си направите услуга ако ја облечете омилената износена тренерка. Од друга страна, струкираната облека што добро ви стои, како што е блејзерот, понекогаш прави чуда за женската фигура. Блејзерите се добри за сите фигури и добро им стојат на сите жени.

Облечете високи потпетици

Се чувствувате ниско и дебело? Издолжете ги вашите нозе со чевли на високи потпетици. Потрудете се бојата да одговара на вашиот тен, така што чевлите ќе изгледаат како продолжение на ногата. И одберете чевли од најмалку 5 сантиметри.

Прочитајте и:  Непречистени 72.2 % од испуштените води во 2023 година

Средете ја косата

Убавата коса секогаш овозможува да се чувствувате подобро. Многу фризерски салони за поволна цена можат да ви ја исфенираат косата за да добие поголем волумен и да направи лицето да ви изгледа подолго и послабо. Или обидете се сами со следниот трик – нанесете лак за волумен на самиот корен на косата, прамен по прамен. Ова сторете го со целата коса, посебно сушејќи го секој дел, а потоа нежно расчешлајте ја, подигнете ја на темето и направете префинета воздушна пунџа или опавче со слободни прамени кои ќе паѓаат на вашето лице.

Набавете си подобар градник

Осумдесет отсто од жените носат погрешен број на градник. Затоаа вие одберете го вистинскиот! Клучно е да пронајдете градник што ќе ви ги подигне градите и ќе го зголеми растојанието помеѓу нив и струкот – така торзото ќе изгледа подолго отколку што навистина е.

Пијте повеќе вода

Голема е веројатноста да се чувсствувате дебело и поради подуениот стомак. Главните виновници за тоа се мрсната храна, вештачките засладувачи и мастиките. Добра вест: рамниот стомак може да го постигнете така што ќе пиете повеќе вода и ќе избегнувате храна која може да ве подуе.

Медитирајте

Медитацијата и јогата може да доведат до позитивна промена на расположението. Лицата кои медитираат подолго време ја зголемуваат густината на сивата маса во своето мозочно стелбо, што се поврзува со подобрена самоконтрола и регулирање на емоциите.

Одглумете

Ако се појавите на одредено место и притоа се чувствувате прекрасно, сите останати ќе мислат дека навистина сте прекрасни. Со други зборови, никој не мора да знае дека се чувствувате дебело. Исто така, клучот за напредување на работното место е да настапите самоуверено – дури и ако немате баш најдобри квалификации. Конечниот заклучок е дека не е неопходно да бидете најубави или најслаби. Ако во просторија влегувате како целиот свет да е ваш, така и ќе биде.

- Реклама -