Слетавме на Марс! (видео)

НАСА потврди дека роверот Curiosity успешно слетал на Марс, во 15 часот по марсовско време, во кратерот Гејл.

Сите маневри од сложеното слетување биле успешно изведени и роверот без проблеми слетал по т.н. „седум минути на ужасот“. Ретроградните ракети ја намалиле брзината при влегувањето во ретката атмосфера на Црвената планета, а потоа успешно била изведена и последната фаза на слетувањето со најлонските падобрани. Сето тоа беше проследено со славје во контролната соба на НАСА.

{youtube}GyNqBNQJkFk{/youtube}

Мисијата на роверот ќе биде потрагата на есенцијалните компоненти неопходни за живот, како што се: кислород, јаглерод, азот, фосфор и сулфур. За жал, роверот не е опремен за потрага по фосили и живи микроорганизми. За дефинитивен одговор по однос на ова прашање, ќе биде потребна уште една мисија, која ќе донесе примероци од марсовската почва и карпи, за испитување во најголемите лаборатории.

Прочитајте и:  Мистериозен звук се слуша во Меѓународната вселенска станица од звучниците на „Старлајнер“

Следната етапа во истражувањето на четвртата планета е планирана за 2018 година, кога ќе биде лансиран следниот ровер, а според челниците во НАСА, американската администрација е посветена на испраќање на првиот човечки екипаж некаде по 2030 година. [NASA confirms the rover Curiosity has landed on Mars]

- Реклама -