Пријави за видени змии се евидентираат и во населени места, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК), нагласувајќи дека нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување.
Од ЦУК замолуваат за разбирање, зашто во сезона на пожари, како што велат, пожарникарите не можат да се користат секогаш плус и за специфични други случаи.
– Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, пожелно е да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област, да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, пишува во соопштението на ЦУК.