ЦУК: Планинар извлечен од провалија и со хеликоптер пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде што е констатирана смрт

Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Поради непристапноста на теренот за возила, Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри. При падот, планинарот се здобил со сериозни повреди, крвавење од главата и бил во несвесна состојба.

Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Поради непристапноста на теренот за возила, Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Фото: Центар за управување со кризи

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер, како и транспорт до болница.

„Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од ’САЕ Тигар’, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ ’8 Септември’ во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт“,

информираат од ЦУК.

- Реклама -