ЦУК: Девет активни пожари – 360 степени

Пожарите се на териториите на општините Чашка, Петровец, Штип, Чучер-Сандево, Долнени и по два во Прилеп и Студеничани. Зафатени се сува трева, грмушки, нискостеблеста вегетација и ниска шума, мешана, борова и липова шума, смреки

Од вкупно 16 пожари на отворен простор во текот на денот, до 18:30 часот попладнево активни се девет, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Еден пожар е под контрола, а шест се изгаснати.

Деветте активни пожари се на териториите на општините Чашка, Петровец, Штип, Чучер-Сандево, Долнени и по два во Прилеп и Студеничани. Зафатени се сува трева, грмушки, нискостеблеста вегетација и ниска шума, мешана, борова и липова шума, смреки.

Под контрола е пожарот на територија на Делчево каде што гори ѓубре во градската депонија.

Претходно денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, информира дека пожарот кај прилепско Мариово во моментов е најтешкиот пожар во државата и предизвикува голема вознемиреност кај граѓаните. Но, како што вели, и покрај вознемиреноста на граѓаните, не постои ризик по ниту едно село од околината. 

- Реклама -