Цртите на лицето откриваат дали сте за брак или за афера

Според карактеристиките на лицето мажите ги делат жените во две категории: тие што ќе ги оженат и тие со кои ќе ги изневеруваат сопругите.

Жените со женствени црти на лицето се оние со кои мажите најчести ги изневеруваат сопругите. Помала вилична коска и полни образи кај понежниот пол се близу поврзани со нивната атрактивност и се доживуваат како знаци за добро здравје, младост и верност, сметаат научниците од Универзитетот Стирлинг.

Понежниот изглед, исто така, укажува на тоа дека жената има високо ниво на естроген, хормон кој го одредува успехот во репродуктивноста.

n20336

Токму овие женски карактеристики се особено привлечни за оние кои веќе имаат партнерка, покажа експериментот во кој учествувале 393 мажи.

Од друга страна, доколку девојките бараат авантура, ќе изберат мажи со погрубо лице.

„Во истата студија се покажало дека мажите кои за себе мислат дека дека се атрактивни преферираат женствени дами. Слично на тоа, жените кои себе се сметаат за атрактивни, имаат попрефинет вкус за мажи“, вели др. Ентони Литл, еден од истражувачите.

- Реклама -