Наместо со боја, „црта“ со селотејп

Макс Зорн е холандски уметник кој создава креативни уметнички дела изработени од селотејп. Тој употребува голем број слоеви кафена самолеплива лента, кои потоа ги реди на панели од плексиглас.

Зорн се фокусира на портрети, без оглед дали станува збор за непознати личности или култни ликови од слики и книги. Меѓу големиот број портрети на мажествени борачи и прикази на парови кои нежно се прегрнуваат или бакнуваат, се провлекува и успешната преработка на култната слика „Девојката со бисерна обетка“ од холандскиот сликар Јоханес Вермер.

Макс функционира како уличен артист, а неговите дела се изложени во дистриктот Јордан, во Амстердам. Тој ги поставува панелите обложени со кафен селотејп на уличните светилки, со што се создаваат навистина впечатливи уметнички дела со необичен златест сјај.

- Реклама -