Сопствениците на црногорското етнос „Монтенегро“, кое се наоѓа во близина на градот Никшиќ, организираат уникатна трка во најдолго лежење под сенка, под мотото „Има леб и без мотика”.
Сите заинтересирани „лежачи“ можат да се регистрираат за учество во натпреварот, што ќе се одржи на 30 август. На победникот ќе му биде врачена награда од 200 евра.
„Условите се јасни. На натпреварувачите им е дозволено да пијат вода и да јадат, но немаат право да стануваат од местото за одмор по каков и да било повод, дури физиолошки причини. Победник ќе биде оној кој ќе издржи најдолго да се одмора во сенка “, соопшти организаторот Благојевиќ, додавајќи дека за натпреварувачи од странство ќе бидат обезбедени ноќевања по пониски цени.
На најчудната трка во светот Благојевиќ ги повика сите политичари и лекари да заземат учество, за можат да заработат без да плаќаат ништо. Тоа дека Црногорците навистина ги бива да не прават ништо, ама за пари, беше докажано на минатогодишното натпреварување, кога по 24 часа лежење четворицата најдолготрајни натпреварувачи одлучија да ја поделат наградата, за да не ја продолжат трката.