Црн хумор: Богат и сиромав

Во едно училиште учеле две другарчиња, едното богато другото сиромашно. Еден ден богатото го прашува сиромашното:
– Абе што јадеше ти вчера?

– Грав.

– Добро јас јадев ќебапи.

Така неколку дена го прашувало, детето одговарало грав, а богатото му велело дека јадел ќебапи. Сиромашното отишло дома и му кажува на таткото:

– Тато дај бе купи ми ќебапи да видам што е тоа, едно другарче секој ден ме прашува што сум јадел, јас му викам грав, а тоа ми вика дека јадело ќебапи.

И таткото му вика:

– Сине па од каде тој знае што си јадел. Кажи му ќебапи јадев и готово.

И утредента ова сиромашново да се пофали и прво го прашува:

– Абе што јадеше ти вчера?

И богатото му вели:

– Ќебапи, а ти?

-И јас ќебапи.

– Навистина? И колку изеде?

– Една црпка.

- Реклама -