Луѓето кои што редовно консумираат црн чај имаат помал ризик за појава на дијабетес тип 2, се вели во најновата студија.
Истражувачите од Велика Британија, Швајцарија и Франција ја анализирале потрошувачката на црн чај за 2009-та година од 50 земји и информациите ги поврзале со стапките на дијабетес и канцер во земјите.
Исто така, ги земале предвид и стапките на респираторни, инфективни и кардиоваскуларни заболувања во испитуваните земји.
Резултатите покажале дека најголема консумација на црн чај има во Ирска, Велика Британија и Турција, додека таа е најмала во Јужна Кореја, Бразил, Кина, Мароко и Мексико.
Авторите на студијата која што е објавена во BMJ го проучувале линкот помеѓу високата стапка на консумација на црн чај и ниската стапка на дијабетес. Сепак, големиот внес на црн чај не го намалувал ризикот за појава на другите заболувања.
Истражувачите заклучиле дека резултатите кои што се добиени од оваа студија се конзистентни со претходните биолошки, психолошки и еколошки студии за потенцијалот на црниот чај во однос на дијабетесот и гојазноста.