Creative Expo 2024, дводневен настан кој ќе ги обедини креативците од сите креативни индустрии

Сите заинтересирани креативци можат да го прикажат своето иновативно решение на Creative Expo 2024, кој ќе се одржи на 25 и 26 ноември година во Лабораториум, Скопје.

Creative Expo 2024 е дводневен настан што обединува креативци од сите гранки на креативните индустрии, овозможувајќи им платформа да ги претстават своите таленти, да се поврзат со други професионалци и да прослават иновацијата и уметноста.

Оваа година фокусот е на иновативни проекти кои носат нова перспектива во креативните индустрии.

,,Ги повикуваме сите креативци кои работат на иновативни проекти да се пријават и споделат уникатни решенија, меѓу кои: имерсивни искуства, инсталации, иновативни технологии, интерактивни изложби и проекти кои ги дефинираат идните креативни трендови” велат организаторите.

Преку учеството ќе имаат можност:

Да го претстават својот проект на изложбен простор пред публика која го цени креативниот израз, да бидат дел од уметнички перформанси и демонстрации во живо на иновативни технологии, да слушнат и учествуваат во дискусии за најновите трендови и иновативни практики во уметноста, дизајнот, технологијата и многу повеќе, да ги претстават проектите на деца и млади кои се идната креативна сила, да ги претстават проектите пред меѓународни професионалци кои ќе присуствуваат во Скопје во овие два дена, да се поврзат со колеги, креативци и професионалци од различни гранки, да уживаат во живи настапи и перформанси од локални и меѓународни таленти.

Прочитајте и:  Саем на креативни индустрии во Лабараториум

Пријава на следниов линк:

https://forms.gle/P27h5tx7zDJbEbkc8

Креативниот Совет на УМПАКИ ќе го направи финалниот избор на учесници, кои ќе бидат известени преку е-пошта.

Учеството е бесплатно

- Реклама -