Раниот човек е виновен за изумирањето на Неандерталците

Нашите претци а не климатските промени се виновни за изумирањето на Неандерталците во Европа.

Според нови докази далечните роднини на раниот модерен човек веќе биле на пат кон исчезнување кога масивна вулканска ерупција ја замрзнала Европа. Откритието, базирано на студија на слоеви вулкански пепел, налага дека климатските промени не биле одлучниот фактор за падот на Неандерталците.

Поверојатно е дека тие едноставно не можеле да се справат со раните членови на нашиот вид, Homo sapiens, кои мигрирале, најверојатно од Африка. Повеќето експерти се согласни дека Неандерталците не можеле да се натпреваруваат за ресурсите со раниот модерен човек кој имал подобри алатки, оружја и способност за комуницирање.

Прочитајте и:  На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени

Но некои сè уште веруваат дека климата имала главна улога во изумирањето. Природна катастрофа пред околу 40.000 години најверојатно ги спуштило температурите бидејќи пепелта го блокирало сонцето. „Вулканската зима“ предизвикана од ерупцијата на Campanian Ignimbrite во Италија поврзана со студената клима била почеток на крајот за Неандерталците.

Во наредните 10.000 години, по серија студени интервали Неандерталците речиси исчезнале во Европа. Вулканските депозити од  ерупцијата биле најдени во Грција, Либија и Централна Европа. [Humans – not weather – killed off Neanderthals]

- Реклама -