ConnectR:Робот кој ќе ве замени додека сте отсутни

connectr-on-tableКако што родителите знаат, понекогаш работните часови и патувањата може
да ве спречат да се видите со семејството. iRobot ConnectR е нов начин
на комуникација дизајниран за зафатени родители и далечни роднини кои
сакаат подобра поврзаност со своите деца, внуци и миленици(?).


Како што родителите знаат, понекогаш работните часови и патувањата може да ве спречат да се видите со семејството. iRobot ConnectR е нов начин на комуникација дизајниран за зафатени родители и далечни роднини кои сакаат подобра поврзаност со своите деца, внуци и миленици(?).

connectr_on_table

Комбинирајќи го најновото во интернет комуникациите и роботската технологија, ConnectR ви овозможува виртуелно да ги посетите вашите сакани во било кое време. Сега можете да ги гледате, чуете и да имате дејство како да сте таму секогаш кога ќе посакате.

Сепак не би сакале да бидете невидливи за вашите деца преку оваа „шпиунска“ направа во форма на мала правосмукалка.

close-up_connectr_shot

ConnectR има и копче преку кое се менува бојата во зависност од расположението на оној што ја управува. Покрај тоа, има две камери кои може да се движат и супер-зум леќи низ кои можете да им читате книга на вашите деца.

Чини $499, така што може да размислите за опцијата web camera и опцијата Skype кога веќе не сте дома.

[iRobot® ConnectR]

- Реклама -