Connected: Краток научно-фантастичен филм со Памела Андерсон

pam

Фановите на пост-човештвото и трансхуманизмот ветуваат нешта што истовремено звучат и премногу добро за да бидат вистинити, а и премногу страшно – вечен живот, незамисливи моќи на умот, креирање на реалноста и слично. Овој краток филм, во кој глуми – ни помалку, ни повеќе – Памела Андерсон, дава мал увид во тоа колку вознемирувачки може да биде животот на иднината.

Во „Connected“, Памела Андерсон е во улога на Џеки – „AuraCycle“ инструкторка која се наоѓа во сржта средовечната криза – се инспирира со слушање на „језивки“ ленти од Џејн Фонда, која зборува за тоа дека можеш да живееш вечно и да го заборавиш минатото. Ова ја води Џеки кон една неповратна одлука. Мозочни импланти, јога, Памела Андерсон… Звучи добро, нели?

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

- Реклама -