Commodore 64, 22 години од заминувањето

komodor[1]

Во април 1994 година, компанијата Commodore престана да го произведува својот најуспешен компјутер.

Кога се појави на пазарот, Commodore 64 (C64) се сретна со жестока конкуренција. Во САД тоа беа Atari 400 и Apple II. Благодарение на цената и исклучително агресивната кампања, преку серија успешни ТВ реклами, Commodore се наметна како победник.

Производителите на видео-игри дека токму C64 е платформата на која нивните наслови најдобро ќе се продаваат. Моделот беше успешен сé до крајот на 80-тите, а годишно се продаваа и до милион и пол илјади компјутери.

Во март 1994, Commodore најави дека во 1995 ќе престане да го произведува. Месец дена подоцна, компанијата прогласи банкрот.

Патем, пред Commodore 64, хит беше моделот VIC 20, кој имаше само 20kb меморија. 64-ката е негов горд наследник.

- Реклама -