„Comedy Jam“ во Џез, големо финале на Долни сарај

Со „Comedy Jam“ вечерва во „Jazz Inn“ продолжува 6. издание на „Summer comedy marathon“. На сцената вечерва ќе бидта Никола Тодороски, Јован Цветкоски, Зоран Донев, Никола Братучед Сиљаноски.

Сместувањето и овој пат ќе биде по принцип прв дојден прв услужен, потсетува организаторот.

Фестивалот кој веќе се етаблира во културната програма на Охрид, ужива добар углед како кај домашната, така и кај странската публика и изведувачите кои доаѓаат Балканот и светот. Потврда за тоа се полните гледалишта на сцените на кои се одвиваат настаните.

Големото финале на 6. „Summer comedy marathon“, ќе се случи на 13 август на Долни сарај со специјалното шоу „2Мothers Brothers“ на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски на кое ќе биде изведен нов материјал, ексклузивно подготвен за 10 годишниот јубилеј на шоуто.

Кабарето за прв пат беше изведено пред 10 години во култниот клуб „Џез Инн“ пред охридската публика, а понатака речиси во секој град низ Македонија.

На 13ти август публиката ќе има можност да го види и чуе новиот материјал кој што е специјално напишан за јубилејот, како и одбрани делови од старите материјали. Заедно со Никола и Стрезо ќе настапат и Никола Јосифоски на клавијатура и Јане Тодороски на контрабас.

- Реклама -