Cobalt Code Unit во култниот џез клуб „Jazz Inn“ во Охрид

На 25 јуни во 22.30 часот во охридскиот џез клуб „Jazz Inn“, настап ќе има култниот бенд Cobalt Code Unit. Концертот е дел од настаните со кои клубот годинава одбележува 35 години постоење.

Cobalt Code Unit е фракција од четворица млади музички аскети кои неуморно шетаат низ огромните пространства на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, размислувајќи за хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните впечатоци од африканските ритмички јазици и вревата на индустрискиот метеж, врева пресликана низ призмата на авангардниот израз. Засега, тие ги запишале своите искуства на два долгосвиречки албуми: Rural (2020) и Soilwork (2021) и еден видео албум (The Yadro Concert). Нивните изведби личат на долги импровизирани теренски возења полни со ненадејни подеми, падови и свиоци проследени со брзинско дивеење со низ калливата почва на планинските патишта проткаени со мирно крстарење низ питомите планински пространства, нудејќи искуство на надреални пејзажи, медитативна меланхолија, и спокојство.

Прочитајте и:  Започнува културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпеица

Cobal Code Unit се: Благојче Томевски – Кларинет, Бас Кларинет, Симеон Ангеловски – Бас Гитара,Стефан Миладинов – Гитара и Драган Теодосиев – Тапани.

- Реклама -