Cмотра 12, Фестивал на електронска музика во Битола

Од 8 до 10 август во Битола, во Градски парк спроти Император ќе се одржи ,,Cмотра 12″, Фестивал на електронска музика.

Фестивалот стартува на 8 август во 20 часот со дискусија на професор др. Анис Сефиданиспанел на тема – Хуманоиден робот во улога на диџеј.

На 9 август, петок во 21.00 часот во Стара Битолска Чаршија настап ќе имаат Diah и Joss.

На 10 август во 21.00 часот во Безистен сет ќе имаат Alex Nova, Goran Kan. Алтернативната сцена во Битола и оваа година оживува со фестивалот на електронска музика – СМОТРА, нудејќи им на младите поинтимна атмосфера на необични локации каде ќе се презентира поквалитетен избор на електронска музика и диџеи/презентери со цел да можат да се изразат преку било која уметничка форма.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

Овогодинешното издание ќе ја истражи врска помеѓу електронската музика и технологијата.

- Реклама -