Животот покрај мажот може да биде сладок дури и ако тој не сака благи работи. Всушност, во карактерот на мажот и иднината на вашата врска улога игра и храната што тој најмногу сака да ја види во својата чинија.
Обожава кисело
Киселата и јака храна е вистински шок за организмот, така што тој веројатно ужива во необичното и чудното и има навистина единствени сензации. Мажот што сака кисела храна е верен и ќе го носи товарот на сите обврски до самиот крај. Исто така, тој е алергичен на караници и со него никогаш нема да имате големи турбуленции.
Обожава солено
Мажот што преферира солена храна има особено нагласена потреба за друштво и никогаш не сака да спие сам. Исто така, свесен е за своите речиси невозможни сексуални потреби.
Обожава слатко
Момците што обожаваат благи работи сакаат да добијат посебен третман во животот и се во постојана потрага по истомисленици. Тие уживаат во животот, секојдневно работат на надградувањето на сопствената личност и многу тешко се соочуваат со порази. Вистинските хедонисти се и не се плашат да ги покажат чувствата за жената што навистина ја сакаат. Овие мажи се родени победници во сите љубовни аспекти.
Обожава луто и зачинето
Зачинетата храна ги стимулира нервните завршетоци што предизвикуваат луѓето да плачат кога лупат кромид. Таа палета на различни вкусови на мажите им дава посебна енергија и желба за нови предизвици и промени. Тој е вистински авантурист и ако сте расположени со овој маж да влезете во „вода и во оган“, тоа е, веројатно, вистинскиот избор.