Тутунот веќе не е во мода. Новиот порок на младите во Америка е SurgeStix – цигари во облик на стапче кое се крши пред употреба, со што испушта доза кофеин кон филтерот. По пет секунди, температурата се зголемува и реагира со безопасните хемикалии, согорувајќи го кофеинот во пареа. Секое повлекување содржи грубо 18 милиграми кофеин, што е доволно за да останете будни без потребата од пиење кафе. Оваа цигара не содржи никотин и се смета дека би можела да ги одвикне младите од пушење. [SurgeStix]