Овие снимки од безбедносни камери, објавени од полицијата на Вест Мидлендс, покажуваат со какви трикови се служат крадците чија цел се банкоматите. Имено, на снимката се гледа како едно лице и пристапува на жената пред банкоматот, за да ја предупреди дека апаратот е дефектен и дека ќе и ја „изеде“ картичката. Патем, крадецот го запомнува пинот, по што го користи весникот (или парче хартија) за да го покрие екранот, што му дава доволно време да ја поништи трансакцијата и незабележано да ја украде картичката.
Овој метод на измама, во Британија резултираше со вкупно 9000 украдени фунти, од неколку луѓе, на неколку локации.
Како против-мерка, полицијата ја предупреди јавноста да биде многу повнимателна кога повлекува пари, избирајќи банкомати што се добро осветлени и избегнувајќи ги оние со сомнителни луѓе околу нив. Исто така, полицијата советува секогаш да го прикривате пинот. Ако сте пред банкомат и некој ви пријде, не им верувајте на тоа што ќе ви го кажат, особено не дека апаратот е расипан. Едноставно игнорирајте ги и продолжете со трансакцијата, добро криејќи го пинот за сето тоа време. Се разбира, ако забележите слични сомнителни активности, веднаш треба да повикате полиција, а најважно е да ги предупредите постарите членови на вашето блиско семејство, бидејќи тие се најранливата група.