Чулев во посета на Шутооризари: Помина времето на шерифи и недопирливи!

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари каде истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори. Тој преку неговиот фејсбук-профил истакна дека граѓаните во оваа општина биле уплашени, но додава дека им укажал оти поминало времето, како што вели, на шерифи и недопирливи функционери.

-„Граѓаните тука се уплашени и има многу причини за тоа. Низ разговор им укажав дека зад нас е времето на шерифи и недопирливи функционери. Како Министер за внатрешни работи, согласно моите надлежности, цврсто се залагам правото и правната држава да функционираат за сите: без разлика дали е обичен граѓанин или највисок функционер.

‘Моја обврска како министер е да работам транспарентно. Пред нив ги презентирав плановите и заложбите за следниот период. Им кажав дека ќе формираме мобилни тимови за регистрација и внес во државјанство и полесно добивање лични карти за припадниците на ромската популација со што тие ќе имаат еднаков пристап до правото на здравје и социјална заштита од државата, ќе го зголемиме бројот на полициските службеници во полициската станица во оваа општина, ќе работиме на правично и соодветно вработување и унапредување на ромската популација во Министерството за внатрешни работи, согласно со законите.

Во пресрет на парламентарните избори, потенцирав дека МВР и јас лично како министер ќе се заложиме изборите во оваа општина и во целата држава да поминат мирно и во најдобар ред.“

 

 

- Реклама -