Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев
Граѓаните се одговорни, совесни и генерално ги почитуваат мерките за ограничување на движењето. Тие се свесни за ризикот кој го носи заразата од Covid 19 и ги применуваат мерките за заштита на своето здравје.
На денешната седница на Координативниот штаб во владата уште еднаш го афирмирав мојот став дека неопходно е одлуките кои ќе се донесат да не бидат во насока на заострување на мерките за движење.
Во таа насока, а во пресрет на продолжениот викенд за 1 мај, сметам дека владата треба да донесе одлука која ќе биде идентична на изминатиот викенд. Секое ограничување кое ќе биде построго и поригирозно негативно ќе се одрази на граѓаните.
И понатаму стојам на ставот дека шумите и планините треба да останат отворени во периодот кога е дозволено движењето за граѓаните, но тие да се користат за рекреирање, а не за групирање на граѓаните.
Апелирам до граѓаните да ги почитуваат одлуките кои се однесуваат на задолжителна употреба на соодветна заштитна опрема, а Министерството за внатрешни работи, односно полициските службеници и понатаму ќе стојат во првите редови во заштита на животот и здравјето на сите нас.